Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи не го крие задоволството од триумфот на неговиот тим против Беласица во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Според стратегот на тетовци, и покрај убедливиот резултат од 3-0 на крајот, сепак воопшто не било лесно да се дојде до бодовите од пресметката со струмичани.
„Кога се ќе се сумира најважни се трите бода. Можеби изгледа лесно победа, но воопшто не беше така на терен. Напротив, Беласица се покажа повеќе од цврст противник. Но, ние мора да бидеме свесни дека за нас секој натпревар до крајот ќе биде тежок затоа што противниците се силно мотивирани кога играат против Шкендија“ – вели Османи, дополнувајќи дека пред мечот имале и проблеми со склопување на составот.
„Моравме да направиме неколку измени во тимот. Агим Ибраими неколку денови беше надвор од стројот поради грип, но и така одлучи да биде на располагање. На крајот и постигна прекрасен гол. А, имавме проблеми и со некои други фудбалер. Но, триумфот и трите бода се освоени, па се друго останува зад нас“ – вели Османи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski