Минатата сезона Виктор Осимен беше еден од клучните играчи за освојување на титулата шампион на Италија по повеќе од 30 години.
Летово и на почетокот на сезоната имаше многу конфликти со раководството на клубот, но претседателот Аурелио Де Лаурентис не се откажа од преговорите околу нов договор со Нигериецот.
Голем број клубови го сакаат одличниот напаѓач, но по потпишувањето на новиот договор ќе биде значително потешко да стигнат до него.
Како што пренесува „Скај Италија“, Осимен ќе потпише договор до 2026 година за значително зголемување на платата, но и отштетна клаузула од 130 милиони евра.
Токму таа клаузула беше предмет на спор бидејќи Наполи не сакаше да се согласи на сума од 80 милиони на која инсистираа агентите на играчот.
Осимен во Неапол пристигна од Лил и на 116 натпревари постигна 66 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













