Барселона имаше седум победи по ред од стартот на шампионатот во Ла Лига, но дојде крај на одличната серија на составот на Ханси Флик. Осасуна е првиот тим што го зеде скалпот на каталонскиот гигант откако вечерва славеше со 4-2.
Анте Будимир во 18.минута донесе водство, а десет минути подоцна Брајан Сарагоса зголеми на 2-0.
Пау Виктор намали на стартот на вториот дел, но Анте Будимир во 72.минута реализираше пенал и повторно донесе два гола предност за Осасуна.
Абел Бретонес во 85.минута постигна и четврти гол за домаќинот, а Ламин Јамал го постави конечниот резултат, 4-2.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













