
Макфудбал во Вадуц,
Фудбалската репрезентација на Македонија оствари убедлив триумф (0-3) на гости против Лихтенштајн и на одличен начин го отвори новиот квалификациски циклус за СП 2026.
Претседателот Масар Омерагиќ им честиташе на фудбалерите за победата и карактерот.
“Од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста.
Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот.
Благодарност до сите.
Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе.
Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.
Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат.
Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена”, изјави Омерагиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
