
Легендарниот Оливер Кан смета дека е време долгогодишниот голман на Германија и на Баерн Минхен, Мануел Нојер, да размисли за повлекување и да го определи датумот за тоа. Неодамна, голманот се откажа од националниот тим и се фокусираше само на клупскиот фудбал, но сè уште нема најавено планови за крај на кариерата.
Сепак, со тимот на Баерн, Нојер веќе не е толку убедлив како порано и добива критики за одредени настапи, вклучително и неодамнешните критики од Лотар Матеус.
Голманот има договор што истекува, а следната пролет ќе наполни 39 години.
„Кога ќе се повлечеш од националниот тим, паѓаш во празнина и се прашуваш ‘која е сега мојата цел, што можам повеќе да постигнам’“, изјави Кан за „Спорт Билд“.
„Затоа не сум изненаден што Мануел веќе не покажува на секој натпревар тоа што сме навикнати да го гледаме од него. Да, тој сè уште може да демонстрира светска класа. Но, да го правиш тоа постојано секогаш било голем предизвик. Потребно е Ману да си постави јасна цел. Кога јас се повлеков од Бундестимот во 2006 година, веднаш донесов одлука дека ќе продолжам уште само две години и потоа ќе ставам крај на кариерата. Тоа беше добро и за мене лично и за мојот клуб Баерн, бидејќи сите беа свесни за ситуацијата. Исто така, тоа ми служеше како личен мотив, бидејќи ми беше полесно да се мотивирам. Знаев дека до повлекувањето сакам да освојам што повеќе трофеи и да се повлечам достоинствено, додека сè уште сум на високо ниво. Никој не сака да стигне до точка каде што ќе биде исвиркуван“, додаде Кан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал и ПСЖ во битка за финале во ЛШ
