Фудбалскиот клуб Охрид ги започна подготовките за новата сезона во која тимот од нашиот најголем туристички центар повторно се враќа во Втората лига.
Охрид, кој по осум години повторно ќе биде дел од второлигашкото друштво, подготовките на СРЦ „Билјанини извори“ ги почна со четири нови имиња во тимот, Љупче Трпески, Александар Целески и Мартин Лекоски кои пристигнаа од Кораб, како и голманот Даниел Котевски од Победа. Наредните денови се очекува договор со уште неколку нови засилувања.
Подготовките на „сино-белите“ ќе бидат исклучиво во Охрид. Клубот планира пет контролни средби до почетокот на сезоната, кој е закажан за 24. август.
ФОТО: www.ohridnews.com.mk
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













