
Фудбалската Федерација на Македонија денеска и официјално ја објави листата на екипи кои добија лиценца и би можеле да го претставуваат мак-фудбалот во европските натпреварувања летово. Очекувано, на листата не се најде лидерот на табелата Вардар, кој втора година по ред не добива лиценца поради огромните долгови што „црвено-црните“ ги направија во последните неколку сезони.
Одлуката на ФФМ ја пренесуваме во целост:
Одделот за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање на состаноците одржани на 3. јуни, 11. јуни и 16. јуни, како и Комисијата за жалби за лиценцирање на состанокот одржан на 18. јуни, а по комплетирањето на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2020/21, ги донесе следниве одлуки:
Комисиите донесоа одлука дека се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:
1. ФК Академија Пандев АД – Струмица
2. ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
3. ФК Работнички АД – Скопје
4. ФК Ренова АД – с.Џепчиште
5. ФК Силекс АД – Кратово
6. ФК Шкендија АД – Тетово
7. ФК Шкупи 1927 АД – Скопје
Комисиите донесоа одлука дека не се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:
1. ФК Брегалница 2008 АД – Штип
2. ФК Борец 1919 АД – Велес
3. ФК Вардар АД – Скопје
4. ФК Струга ТримЛум АД – Струга
Процесот за лиценцирање на клубовите од ЖМФЛ за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 сеуште е во тек.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дани Алвеш ослободен од обвинението за силување

Евро-фудбал
Дани Олмо ќе паузира најмалку две седмици
