
МАКФУДБАЛ во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на Националната арена во Букурешт го почнува патот за мундијалот во Катар 2022 година. Селекторот Игор Ангеловски се најде во проблем по вчерашната повреда на Дарко Велковски и ќе мора да направи одредени промени во стоперската линија.
Аријан Адеми исто така не е максимално подготвен за настап и ќе остане на клупата за резервни фудбалери, но на теренот ќе истрча офанзивна Македонија.
Илија Несторовски и капитенот Горан Пандев ќе бидат во нападот, а ќе им се придодава и Елиф Елмас како офанзивен играч за врска.
Зад него ќе делуваат Енис Барди и Бобан Николов, потпомогнати од Стефан Ристовски и од Езгјан Алиоски на страничните позиции.
Во дефанзивното трио треба да играат Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу и Кире Ристевски, а на голот ќе биде Столе Димитриевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
