Connect with us

Одредени двојките за првото коло во Првата лига: Шампионот Шкупи почнува со гостување во Кавадарци

Фудбалската федерација на Македонија со ждреб ги одреди двојките за првото коло од новата сезона во Првата фудбалска лига. Шампионот Шкупи со гостување во Кавадарци ќе ја почне одбраната на шампионската титула.


Шкендија ќе го пречека Скопје, а Ренова, која беше неизвесно дали воопшто ќе се натпреварува, треба да биде гостин на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Набрзо ќе биде познат и комплетниот натпреварувачки календар за новата сезона во Првата лига. Лигата стартува на 6.август.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА – 1.КОЛО (НОВА СЕЗОНА)

ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА
СТРУГА ТЛ – ПОБЕДА
ТИКВЕШ – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови