Милан Јеловац, црногорски интернационалец кој го бранел голот на Иглс, клуб од Малдиви, мора да бара нов ангажман откако што добил отказ бидејќи не сакал да се вакцинира за Ковид-19. Во истиот момент неговиот договор бил раскинат.
„Разочаран сум, бидејќи клубот ми даде отказ затоа што одбив вакцина. Во прашање беше вакцината АстраЗенека. Таа вакцина не сакав да ја примам. И не бев единствен, од четворица странци во клубот, тројца одбивме. Домашните фудбалери се вакцинираа без приговор“, раскажува црногорскиот голман.
Тој објави и дека во моментот е слободен агент и бара нов клуб за следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













