
Букмејкерите во Велика Британија значително ја намалија квотата за Жозе Мурињо да биде нов тренер на Челси. „Специјалниот“ сега е трет фаворит за лондонскиот клуб.
Пред него се тренерот на Лестер, Енцо Мареска и стратегот на Ипсвич, Рајан Меккена, стручњаци кои ги пласираа своите тимови во Премиер – лигата, додека зад Мурињо се Рубен Аморим, Роберто де Зерби, Томас Франк.
Дали овој знак оди според поговорката „каде има чад, има оган“, тешко е да се погоди, но нема сомнеж дека доведувањето на 61-годишниот Мурињо би бил интересен и веројатно популарен потег меѓу навивачите на Челси.
Мурињо во првиот период го предводеше Челси од 2004 до 2007 година, освои две последовни титули во англиската Премиер – лига, два Лига купа, еден ФА Куп и Комјунити Шилд, а од 2013 до 2015 година ги освои Премиер – лигата и Лига купот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
