
Прекинувањето на натпреварувањето во второлигашката конкуренција и предвремениот крај на сезоната значи крај и за ФК Лабуништа и амбициозниот проект на неговиот сопственик Адем Нуроски.
Како што информира Нуроски на својот фејсбук профил, одлучил да се повлече од натамошно финансирање на клубот а оставка поднеле и комплетното раководство на чело со претседателот Сафет Демироски како и спортскиот директор Ивана Лескароска.
„Со моја конечна одлука и став, сакам да ви се обратам на сите љубители на фудбалот, фудбалската јавност, жители на Лабуништа и на оние луѓе кои со нетрпение чекаа да се повлечам од клубот. Како основач на Лабуништа од 2011 година до денеска имам вложено повеќе од мојата моќ се со цел клубот да биде гордост и светла точка на сите жители од Лабуништа. Сакам да кажам дека во ниту еден момент клубот не го направив приватен и за мои лични цели, туку како што напишав погоре за гордост на Лабуништа. Изминативе години видов добро и лошо, поминав низ различни ситуации, но секогаш победувавме со Лабуништа. Не сакам да зборувам со цифри, но секој кој добро ги познава условите во македонскиот фудбал знае дека во Лабуништа фудбалерите земаа солидни плати без доцнење“ – напиша Адем Нуроски на својот фејсбук профил, дополнувајќи дека наредните денови ќе ја официјализира оставката.
Со повлекувањето на комплетното раководство и информацијата дека сите фудблери ќе добијат чисти документи слободни да си бараат нови средини.
Лабуништа до прекинот на сезоната беше една од најдобрите екипи во Втората лига – Запад отворено атакувајќи и на пласман во прволигашкото друштво. Сезонава стигна и до четвртфиналето во Купот на Македонија што е најголем успех во историјата на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
