Connect with us

Њукасл ќе стане најбогатиот клуб во Премиер – лигата?

Англискиот премиерлигаш Њукасл во блиска иднина би можел да стане најбогатиот клуб на Островот, но и во светот, сериозна конкуренција на ПСЖ, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид… Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија зад кој стои кралското семејство предводено од Мохамед бин Салман ги завршува финалните преговори за негово преземање. Њукасл би добил нов сопственик, со 80% од акциите на клубот.


Богатството на овој фонд се проценува на околу 400 милијарди евра, што е повеќе од богатството на сопствениците на останатите десет најдобри клубови во светот.

Сегашниот сопственик Мајк Ешли долго време бара инвеститор кој ќе му помогне да го врати Њукасл на самиот врв на табелата во Премиер – лигата и се чини дека е на еден чекор оваа желба да му биде остварена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови