
Белгискиот интернационалец Еден Азар би можел да се врати во англиската Премиер – лига каде што своевремено беше одличен како играч на Челси. Азар беше еден од најдобрите играчи во Европа додека го носеше дресот на „сините“ од Лондон, но откако во голем трансфер се пресели во Реал Мадрид, како да заборави да игра фудбал.
Не се снајде најдобро во Шпанија и сега повторно се активира приказната за можно враќање на Островот. Не е тешко да се погоди кој има пари и сака да го купи. Станува збор за Њукасл кој неодамна доби богати сопственици.
Португалецот Пауло Фонсека се очекува да стане нов менаџер на Њукасл, а списокот на потенцијални засилувања е голем и главно се работи за големи играчи со големи вредности, каков што е и Азар.
Реал Мадрид е подготвен да му дозволи на Азар да замине. Белгиецот сезонава одигра осум натпревари, но не постигна ниту еден гол, а има само една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди
