Англискиот премиерлигаш Њукасл денеска го официјализираше трансферот на Сандро Тонали од Милан. Њукасл ќе му исплати на Милан 70 милиони евра.
Тонали на тој начин ќе ги надмине досегашните најплатени Италијанци – Жоргињо, Џанлуиџи Буфон и Кристијан Виери.
Исто така, ова е петта највисока продажба во историјата на Серија А, зад Ромелу Лукаку, Пол Погба, Гонзало Игуаин и Зинедин Зидан.
Тонали потпиша договор до 2028 година и ќе стане еден од главните столбови на тимот на Еди Хау, кој ќе се натпреварува и во Лигата на шампионите.
Важно е да се напомене дека Милан ќе заработи дополнителни 10% од следниот трансфер, кога Тонали ќе го напушти Њукасл.
Јасно е дека Италијанците не можеа да го одбијат ова и дека Тонали многу потешко го прифати заминувањето од својот сакан клуб.
„Денес споделив чувства во моето срце. Како што знаете, прифатив да започнам нова авантура и предизвици. Сакам да му се заблагодарам на клубот што ме донесе и ми даде можност да бидам дел од Милан, кој засекогаш ќе биде мој дом“, изјави Тонали.
Benvenuto, Sandro! 👋🇮🇹 pic.twitter.com/IulFBuq77B
— Newcastle United FC (@NUFC) July 3, 2023
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













