
Њукасл оствари убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Лестер на „Кинг Пауер стадиум“ во натпревар од 31. коло на Премиер – лигата. Избраниците на Еди Хау го решија натпреварот уште во првото полувреме, обезбедувајќи важни бодови во борбата за излез во Европа.
Натпреварот започна со шанса за домаќините преку Џејми Варди, но казната стигна веднаш – Џејкоб Марфи погоди во првата минута за водство на Њукасл од 0-1.
Во 11. минута Марфи повторно беше прецизен, овојпат откако ја искористи одбиената топка по ударот на Фабиан Шер кој заврши во гредата (0-2).
До крајот на полувремето, „чавките“ продолжија со агресивна игра, а конечниот резултат го постави Харви Барнс во 34. минута, кој се најде на вистинското место по одбраната на Хермансен по ударот на Жоелинтон (0-3).
Со оваа победа, Њукасл останува во трка за пласман во Европа, додека Лестер продолжува со разочарувачките резултати оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
