Менаџерот на Њукасл, Еди Хау и понатаму добива непријатни вести во однос на проблемите со кои се соочува поради големиот број повредени играчи. Според англиските медиуми, напаѓачот на „чавките“, кој заработи повреда на минатонеделниот меч против Борусија Дортмунд, ќе отсуствува од четири до шест недели, што значи дека нема да се врати до крајот на годината.
Загубата на Вилсон, кој има седум гола од почетокот на сезоната, секако ќе биде голема за Хау, особено во однос на амбициите на Њукасл да се пласира во нокаут фазата во Лигата на шампионите.
„Чавките“ играат со ПСЖ и со Милан во Лигата на шампионите, а следниот месец во Премиер – лигата на распоред ќе ги имаат дуелите со Челси, Манчестер Јунајтед и со Тотенхем.
Еди Хау во моментов е без дури десетмина играчи поради повреди. Сандро Тонали е казнет, па практично целиот тим е надвор од опсег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













