Барселона го победи Тотенхем со 4-2 и го освои традиционалниот трофеј „Хоан Гампер“, а во центарот на вниманието беше младиот Ламин Јамал. 16-годишникот израсна во „Ла Масија“, а многумина го споредуваат со Лео Меси, тој синоќа покажа и зошто.
Јамал влезе во игра дури во 80. минута, но во тие десет минути покажа повеќе од Рафиња на десната крилна позиција. Јамал едноставно го полуде Серхио Регилон, а по негова заслуга Барса ги постигна сите три гола и направи пресврт.
Јамал влезе наместо Ерик Гарсија при резултат 1-2, а сите три гола паднаа по негови акции.
Каталонските медиуми денеска инсистираат Чави да му даде поголема шанса на Јамал и дека токму тој треба да биде замената за Осман Дембеле кој прави трансфер во ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













