Фудбалерите на Фиорентина повторно беа сведоци на вознемирувачки момент, откако по инцидентот со Едоардо Бове на дуелот против Интер на 1 декември, сега драматична сцена се случи и на гостувањето кај Верона (1-0), со повреда на Моисе Кин.
Напаѓачот на Фиорентина беше оттурнат од стоперот Копола во еден дуел, а при падот силно налета на коленото на Давидович.
Moise Kean has collapsed on field after a head injury 🤕 Prayers up for Moise #Kean🤞🏽
— “𝗔 𝗡 𝗗 𝗔 𝗥” (@andarsofian) February 23, 2025
pic.twitter.com/6rhWIQnzBZ
Кин претрпе повреда и имаше крвава рана, но по укажаната лекарска помош доби дозвола да се врати на теренот. Сепак, само неколку моменти подоцна, тој ја загуби рамнотежата и се сруши на тревникот. Овојпат докторите мораа да го изнесат на носилки, а веднаш потоа беше пренесен во болница.
Што се однесува до натпреварот, Верона успеа да приреди изненадување и со голот на Бернеде во 95. минута да ги освои трите бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













