Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, можеби ќе има можност да игра во Серија А следната сезона. 33-годишниот Шпанец преговараше со Џенова, но не успеа да се согласи со „грифоните” околу личните услови.
Потоа, Де Хеа започна разговори со Фиорентина. Првичните информации сугерираа дека клубот од Фиренца го оценил барањето на вратарот како неприфатливо, но италијанските медиуми информираат дека Фиорентина не се откажала и во следните два дена се планирани нови средби со претставниците на Де Хеа.
Шпанецот, кој нема играно цела година откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед, имал и други понуди, но претпочита да игра во Серија А.
Де Хеа бара договор на две години и плата од 2,5 милиони евра по сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













