
Фудбалската репрезентација на Македонија ja оствари втората победа во овој тековен циклус од Лигата на нации совладувајќи ја Естонија на арената „Тодор Проески“ со 2-1. Со девет бода, македонските репрезентативци се наоѓаат на врвот на табелата со девет во пресрет на последниот меч против Грузија кој ќе се игра на Кипар в среда. Тоа треба да биде пресметка за првата позиција и пласман во Лигата Б.
Иван Тричковски и Влатко Стојановски беа стрелци на головите за Македонија на овој меч. Во отсуство на капитенот Горан Пандев, но и Аријан Адеми, Енис Барди, Езгјан Алиоски, голманот Столе Димитриевски, селекторот Игор Ангеловски им даде шанса на некои други момци.
Тричковски ја носеше капитенската лента и тоа го оправда со одличен погодок во 29.минута, но и фантастична игра во текот на целиот меч. Стефан Спировски шутираше кон голот, топката дојде до Тричковски, кој со еден потег ја упати во мрежата.
Естонците имаа три шанси во првиот дел, но за среќа не ги искористија.
Сепак, тоа им успеа на почетокот на вториот дел, откако Елиф Елмас не погоди од работ на шеснаесетникот, а одличен шут имаше и Александар Трајковски. Во 52.минута Естонија израмни.
Топка на левата страна доби Сапинен, шутираше од прва и погоди во спротивниот агол, а Шишковски беше немоќен да интервенира.
По примениот гол, инвазија на Македонија. Стефан Ристовски шутираше со глава, но Хејн одбрани во последен момент, Елмас се обиде, но не беше прецизен, а колосална шанса имаше Бобан Николов, но неговиот удар заврши над голот.
Во 68.минута, нововлезениот Влатко Стојановски постигна втор гол за Македонија. По центаршутот на Елмас од десната страна, Стојановски со удар со глава ја затресе мрежата на Естонците.
До крајот, шанси имаа Стојановски и Дориев, но Хејн беше навистина расположен на голот на Естонија.Во судиското продолжение, Ниер можеше да донесе израмнување, но за среќа не беше прецизен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
