Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, заработи повреда на скочниот зглоб по поразот (1-3) од Милан во Лигата на шампионите, соопшти клубот. Францускиот репрезентативец беше заменет на полувремето против „росонерите“.
Се очекува Чуамени да се рехабилитира околу еден месец, што значи дека ќе отпадне од составот на Франција за претстојните натпревари од Лигата на нациите во ноември.
Во меѓувреме, под знак на прашање за следниот натпревар на Реал против Осасуна во Ла Лига е и Федерико Валверде. Уругваецот има проблеми со грбот и исто така беше заменет на полувремето против Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













