Милан потври дека нивниот дефанзивец Тео Ернандез е позитивен на денешното тестирање за Ковид-19. “Милан објавува дека Тео Ернандез, кој се врати од репрезентацијата, беше позитивен на тестирање што го направи дома. Релевантните локални здравствени власти се информирани и играчот се чувствува добро”, се вели во официјалното соопштение.
Левиот бек беше вклучен во составот на Франција за време на фајналфорот од Лигата на нации и придонесе за освојувањето на титулата на “сините” со еден гол и една асистенција на два натпревари. Неговиот сонародник и играч од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабиот, беше позитивен на Ковид-19 минатата недела, по полуфиналето на Франција против Белгија во Торино.
Рабиот е еден од играчите кои одбиле да се вакцинираат, тврдат француските медиуми, и не е јасно дали Тео се вакцинирал или не против Ковид. Инаку, 24-гпдишната ѕвезда на Милан постигна еден гол и забележа три асистенции на девет настапи за “росонерите” во сите натпреварувања досега оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













