Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, треба да оди на операција и оваа сезона за него е завршена. Каталонскиот клуб преку официјално соопштение потврди дека Балде патува во Финска на операција, по што ќе следи пауза од неколку месеци.
Планот е Балде целосно да ја залечи повредата и да биде подготвен за стартот на летните подготовки за сезоната 2024/25.
Сепак, голем проблем е што Чави нема адекватна замена во моментов. Сега тука е Жоао Кансело, кој често играше како лев бек во Манчестер Сити, додека Чави го тестираше само еднаш на таа позиција.
Тука е и младиот Хектор Форт, кој одлично се претстави во Билбао и покрај поразот во Купот на кралот.
Барса нема пари да купи нов играч крај левата аут линија, па Чави повторно ќе мора да се потпре на кадрите од „Ла Масија“.
Гави исто така е надвор од терените до крајот на сезоната, додека Марк-Андре Тер-Штеген и Ињиго Мартинез се очекува да се вратат околу 10 февруари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













