
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, смета дека фактот што речиси една година отсуствуваше од терените ќе му помогне да ја продолжи кариерата. 37-годишниот голман ја скрши ногата на скијање по завршувањето на Светското првенство во Катар, враќајќи се на теренот во победата над Дармштад од 8-0 минатиот викенд.
Нојер верува дека може да биде на високо ниво уште 2-3 години, па сака да игра до 40 години, пишува „Билд“.
Голманот е дел од Баерн Минхен од 2011 година, кога дојде од редовите на Шалке 04. Неговиот актуелен договор со Баварците истекува на крајот од сезоната и се очекува да биде продолжен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
