
Германскиот гигант и актуелен шампион Баерн Минхен и официјално го потврди продолжувањето на договорот со триесет и седумгодишниот Мануел Нојер, еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот. Нојер, кој е во Баерн од 2011 година, потпиша нов договор до летото 2025 година.
Баерн го најави продолжувањето на договорот на Нојер со видео во кое легендарниот голман гради ѕид пред голот, на асистенција од неговиот колега Свен Улрих, кој е две години помлад од него. Тој исто така го продолжи договорот до 2025 година, а оваа година беше првиот голман на Баерн, додека Нојер се опоравуваше од скршеницата на ногата.
Нојер се повреди минатата година на скијање за време на зимската пауза, но сега се врати на голот и изгледа дека ќе биде „единицата“ на Баерн уште најмалку една година. За баварскиот клуб играше 482 пати и освои 11 првенствени титули, односно беше прв во секоја сезона на „Алијанц Арена“, освен во првата. Пред девет години стана и светски шампион со репрезентацијата на Германија.
𝗧𝗛𝗘 𝗪𝗔𝗟𝗟² bis 2️⃣0️⃣2️⃣5️⃣ 🧱
— FC Bayern München (@FCBayern) November 28, 2023
🔗 https://t.co/UzIf9fvqqw#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/ZkFUT2dG3d

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
