Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за дуелите со Лихтенштајн и со Германија, а фудбалерот во фокусот во изминатиот период беше Бобан Николов. Тој со Шериф Тираспол славеше на „Сантијаго Бернабеу“, па очекува победничко издание и на Македонија на дуелот со Лихтенштајн.
„Лихтенштајн е аутсајдер, но видовме дека на Ерменија ѝ откина два бода, а со Романија имаше неколку шанси. Ни недостига победа за да ја зголемиме самодовербата во репрезентацијата. Не мора јас да бидам стрелец, само нека им се вратиме на победите. Секој селектор има свои идеи, повеќето од нас го знаеме Милевски и што бара тој од нас. На последните три натпревари одигравме одлично, но сега треба да почнеме и со победи. Ќе ни фали Барди, тој е еден од нашите најдобри фудбалери, но мислам дека ќе најдеме решение и за тоа. Исто така, сакам да му посакам добредојде на Ракип, кој е одличен играч и член во Малме“, изјави Николов.
Македонскиот национален тим денеска го одработи првиот тренинг, а в петок игра против Лихтенштајн во Вадуц.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













