Connect with us

Николов: Ќе ја направиме македонската нација повторно горда!

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за историскиот настап на Европското првенство, а Бобан Николов ветува дека фудбалерите уште еднаш ќе ја израдуваат нацијата со голем успех. Тој вели дека изјавите на Австријците дополнително ќе ги мотивираат нашите фудбалери, а сите му даваат огромна поддршка на Енис Барди, побрзо да го надмине коронавирусот.


„Тренираме напорно, мора добро да се подготвиме за Европското првенство. Ќе имаме два пријателски натпревари, со Словенија и потоа со Казахстан, се надевам дека ќе бидеме добри и дај Боже да бидеме сите здрави и без повреди. Видовме што се случи со Барди, тој е херој и веруваме дека брзо ќе го преброди вирусот. Има целосна поддршка од сите нас. Што се однесува до атмосферата, сите сме максимално фокусирани за нов успех, подготвени сме да ја направиме македонската нација повторно горда. Голема е разликата кога играш во клуб и во репрезентација. Оваа репрезентација има сила и карактер и цел Балкан ќе навива за Македонија. Ова ЕП е шлагот на тортата за сите резултати. Гледаме дека капитенот на Австроја дава некои изјави дека лесно ќе победат, тоа само дополнително ќе не мотивира и ќе видиме кој ќе победи на ЕП“, изјави Николов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови