Македонскио репрезентативец Бобан Николов има нов тренер во италијанскиот второлигаш Лече. На местото на Еугенио Корини довербата на раководството на Лече ја доби Марко Барони. Тој потпиша едногодишен договор со клубот, со опција и за понатамошно продолжување на соработката. Барони во минатото беше и играч на Лече во периодот од 1987 до 1989 година.
Николов исто така очекува продолжување на договорот со Лече. Тој во јануари потпиша договор на шест месеци, плус три години. Најавите од Италија се дека договорот на Николов ќе биде продолжен, а Лече ќе атакува на пласман во Серија А.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













