МАКФУДБАЛ во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов старт, циклусот квалификации за пласман на СП 2022 во Катар. Бобан Николов, интернациналецот од Лече, на почетокот на кариерата играше во Романија, и тоа со Јанис Хаџи и дел од репрезентативците на Романија. Вели дека тие му се фантастични пријатели, ги чувствува како браќа, но утре ќе се „гине“ за дресот на Македонија.
„Убаво е чувството да бидам повторно во Романија по речиси една деценија. Дел од репрезентативците на Романија ми се како браќа, но тоа нема да игра никаква улога на утрешниот натпревар. Како и секогаш, ќе „гинеме“ за дресот на Македонија. Ако одиграме како што умееме, мислам дека можеме да оствариме позитивен резултат. Се разбира, Романија е квалитетна селекција и тоа нема да биде лесно да се оствари. Домаќинот е фаворит, но ние ќе сториме за се позитивен резултат. Можеби и реми би бил добар епилог“, изјави Бобан Николов на официјалната прес – конференција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













