Актуелниот првак Струга Трим Лум денеска (13 часот) гостува во Гостивар и се надева дека ќе успее да стигне до позитивен резултат. Дефанзивецот Меџит Незири очекува тежок меч, но и добар епилог за својот тим.
„Подготвени сме да го дадеме максимумот. Нѐ очекува тежок меч, Гостивар е квалитетен тим, но ние сме шампиони и јасно е дека Струга ТЛ ги посакува трите бода од овој натпревар. Атмосферата во тимот е добра и покрај елиминацијата во Купот, веќе сме максимално фокусирани на првенството“, изјави Незири.
Лидерот Шкендија е фаворит во дуелот со Воска во Тетово, а Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе го пречека Тиквеш.
„Атмосферата во екипата после победата во купот е одлична. Денешниот натпревар е од големо значење за да фатиме победнички ритам и да го подобриме нашиот ефект за оваа полусезона во првенството и верувам дека ако ја покажеме истата енергија, дисциплина и желба за победа како на натпреварот во купот против Вардар ќе стигнеме до посакуваните три бода“, вели играчот за врска на Македонија ЃП, Драган Стојков.
Шкупи по одреден период се враќа на Чаир, откако се реновираше теренот, а денеска ќе го пречека Работнички, кој на стартот на сезоната му нанесе пораз.
Вардар ја пречекува Брера на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и ќе биде без помошта на повредениот капитен Дарко Мицевски.
Вчера, Силекс и Брегалница одиграа без голови во Кратово во првиот меч од 12.коло во Првата лига.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 12. КОЛО (13 часот)
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
ШКЕНДИЈА – ВОСКА
ВАРДАР – БРЕРА
ВЧЕРА: СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













