На многу необичен начин, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, му врачи отказ на тренерот Џенаро Гатузо, откако клубот не успеа да обезбеди место во Лигата на шампионите.
“Сините” се во медиумски молк веќе неколку месеци, па никој не зборуваше за медиумите по разочарувачкото ремито од 1-1 против Верона. Победа во последното 38. коло од италијанската Серија А, ќе им гарантираше пласман меѓу првите четири екипи на „наполитанците“ и обезбедување место во Лигата на шампионите, но тие подлегнаа на големиот притисок и одиграа очаен меч.
Како резултат на ова, само неколку минути по последниот свиреж на судијата, Де Лаурентис се огласи на социјалните мрежи со соопштение дека Гатузо веќе не е на кормилото на Наполи.
„Почитуван Рино, среќен сум што ги поминав последните две сезони со тебе“ напиша тој на Твитер. „Ти благодарам за одработеното и ти посакувам успех каде и да одиш. Испраќам прегратка до твојата сопруга и до децата“.
Во италијанските медиуми се шпекулира дека Џенаро Гатузо ќе биде нов тренер на Фиорентина од следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal