Connect with us

Несторовски: Се извинувам, каква и да е одлуката на селекторот – ќе ја прифатам

Фудбалскиот репрезентативец Илија Несторовски се извини за скандалозното однесување по постигнувањето на петтиот гол за Македонија на мечот против Лихтеншајн. Тој со пцовки се втурна кон камерата која го реализираше ТВ преносот, а јавноста реагираше бурно.


Несторовски призна дека згрешил, потенцира дека ќе ја прифати одлуката на селекторот – каква и да биде.

„Секако, се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста. Не се упатени нa јавноста, но како што веќе реков, на одредени луѓе. Не го направив тоа под притисок од публиката или од резултатот, туку го направив со студена глава. За мене, Македонија е над сè! Јас гордо ја носев лентата како Македонец во Хрватска и Италија, и сите знаете што значи тоа! И секаде ја претставував Македонија најдобро што можам, бидејќи тие не ја даваат лентата како странец лесно! Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари додека ја имам лентата во тој момент! Беше за поединци. A со критикиte сум навикнат да се носам уште од почетокот на мојата кариера. Критиките ме мотивираат, а личните навреди се нешто сосема друго! Отсекогаш сум бил на располагање на репрезентацијата, така ќе биде и сега! Кога резултатите не беа најдобри, сменував 4 авиони од Сицилија за да бидам дел од едно едно вакво семејство! Секогаш ќе биде така, и каква одлука и да донесе селекторот, секако дека ќе ja прифатам! Уште едно извинување, и напред МАКЕДОНИЈА” – соопшти Несторовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови