Кристијано Роналдо е во голема мера заслужен за трансформацијата на Про лигата во Саудиска Арабија. Ова го сподели бразилската ѕвезда Нејмар, кој направи трансфер вo Ал-Хилал, пренесе Ројтерс.
„Кристијано Роналдо беше пионер на сето ова, сите го нарекуваа луд и што ли уште не, а денес можете да видите дека лигата на Саудиска Арабија расте се повеќе и повеќе. И јас сум тука да помогнам лигата да расте уште повеќе. Возбуден сум и мислам дека играњето против врвни играчи во други клубови ве мотивира да бидете уште подобри. Така е кога играте против Роналдо, Бензема и Фирмино“, изјави Нејмар.
Тој потпиша двегодишен договор со Ал-Хилал и ќе заработи вистинско богатство, околу 400 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













