Бразилската ѕвезда Нејмар се врати на теренот. Тој одигра 52 минути во својот прв натпревар за Сантош по враќањето во Бразил. На својот роденден, Нејмар не успеа да се запише во листата на стрелци при ремито 1-1 против Ботафого Рибеирао Прето – тим што се бори за опстанок во првенството на сојузната држава Сао Пауло, но сепак беше во центарот на вниманието.
„Ми требаат повеќе минути, повеќе натпревари. Не сум 100% подготвен, но не очекував да трчам толку многу како вечерва. Дефинитивно ќе бидам многу подобар по три-четири натпревари“, изјави Нејмар за новинарите.
По влегувањето во игра како замена, Нејмар веднаш стана најмногу фаулираниот фудбалер на теренот. 33-годишниот напаѓач исто така се истакна со шест удари кон голот и 22 додавања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













