Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар, бил подготвен да му се приклучи на Челси на позајмица во текот на летото. Во изминатиот преоден рок, францускиот клуб се шпекулираше дека се обидува да најде нов тим за Бразилецот поради изразената желба на Килијан Мбапе да го продаде. За него се шпекулираше дека се интересираат Челси и Њукасл.
Според „Ел Паис“ и „Марка“, Бразилецот бил подготвен да замине на позајмица на „Стемфорд бриџ“ бидејќи клубот има амбиција да се бори и за титулата во Премиер – лигата и за Лигата на шампионите. Ова се совпаѓа со амбициите на Нејмар.
Што се однесува до Њукасл, Бразилецот во никој случај не би прифатил понуда од „чавките“ и покрај огромните финансиски средства на сопствениците. Проблемот е што Њукасл се уште е многу далеку од борбата за нешто значајно оваа сезона.
На крајот, сепак, до ПСЖ не била доставена конкретна понуда за Нејмар што, според шпекулациите од минатата недела, предизвикало незадоволство кај Мбапе. Французите сепак тоа го демантираа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













