Connect with us

Навивачите на Марсеј палат лажни банкноти со ликот на Меси пред судирот со ПСЖ (ФОТО)

Навивачите на Олимпик Марсеј одлучија да го разгорат своето ривалство со Пари Сен Жермен пред вечерното големо дерби во француската лига, создавајќи лажни банкноти за таа прилика.

Во едно интервју за француски “Телефут”, неколку навивачи на домаќините гордо покажуваа купишта лажни банкноти со кои ги исмеваа парите добиени од извоз на нафта на спонзорот на ПСЖ. Тие исто така го исмејуваа и Лионел Меси, чија слика беше испечатена во средината лажните долари, а на неа, Аргентинецот плаче за време на неговото збогување со Барселона.

Навивачите на Марсеј потоа ги запалија фиктивните банкноти во живо на ТВ пред големиот судир во Лига 1 против тимот на Маурисио Почетино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови