Наследникот на Јирген Клоп во Ливерпул, Арне Слот, кој вчера и официјално беше назначен за менаџер на „црвените“, ќе добива значително помала плата од неговиот славен претходник.
Според „Де Телеграф“, Холанѓанецот ќе инкасира 8 милиони евра годишно, без бонуси. Ова е речиси двојно повеќе од неговата плата во Феенорд која се движеше околу 4 милиони евра со бонуси.
Слот, сепак, логично добива многу помалку од Клоп. Според овој извор, Ливерпул на Германецот му плаќал 17 милиони евра по сезона, без бонуси.
„Ди Атлетик“ тврди дека сумата што Ливерпул ќе ја плати на Феенорд како обештетување за Слот и неговиот тим е околу 11 милиони евра, бидејќи два од нив се и во форма на бонуси, во зависност од успехот на Холанѓанецот на „Енфилд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













