Connect with us

„Наполитанците“ го нанижаа и Емполи (ВИДЕО)

Наполи оствари уште една победа во Серија А откако го совлада Емполи на гости со 0-2. Тимот на Лучијано Спалети сега има 18 бода предност пред Интер на врвот на табелата и ита кон шампионската титула.

Ардијан Исмајли во 17.минута си постигна автогол за водство на Наполи, а Виктор Осимен зголеми на 0-2 во 28.минута.

Марио Руи во 67.минута доби црвен картон, но тимот на Спалети успеа да го сочува резултатот до крај за нови три бода.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 71.минута на местото на Квича Кварацкелија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови