Италијанскиот калчолигаш Наполи нема намера да го продаде македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. На него сериозно сметаат и тренерот Џенаро Гатузо и раководството на „наполитанците“ и проценет е како една од најважните алки за иднината на тимот. Клубот од Неапол испрати јасна порака до сите заинтересирани клубови дека Елмас не е на продажба.
Бенфика и Лидс Јунајтед се клубовите кои во моментот најмногу притискаат за ангажман на одличниот играч за врска. Португалскиот гигант сака да го добие на позајмица до крајот на сезоната, со опција за комплетно откупување на договорот, а на тренсферот инсистира тренерот Жорге Жесус. Лидс Јунајтед исто така би сакал да го добие Елиф Елмас во средниот ред во зимскиот преоден рок. Сепак, Наполи упати јасна порака дека Македонецот не е во опција за продажба.
Елиф Елмас во август го ревидираше и го продолжи договорот со клубот до 2025 година. За него постои интерес и од бундеслигашите Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и од Лајпциг.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












