Голманот на Челси, Кепа Аризабалага, може да биде позајмен во италијанскиот Наполи, информираат медиумите на Апенините. Шпанскиот интернационалец станува прекуброен на „Стемфорд бриџ“, откако менаџерот Томас Тухел цврсто одлучи Едуард Менди да биде прв голман.
Од доаѓањето на Менди во 2020 година, Кепа Аризабалага има едвај 29 натпревари во сите натпреварувања за лондончани.
Кепа Аризабалага е во потрага по нов тим кој ќе му даде минутажа, бидејќи сака да најде место во селекцијата на Шпанија за Светското првенство во Катар на крајот на годината.
Наполи од своја страна е во потрага по квалитетен голман откако Давид Оспина замина во саудискиот Ал Наср.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













