
Наполи има нова трансферна цел за зимската селекција. Клубот од „Диего Марадона“ покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Тотенхем, Дејан Кулушевски. Швеѓанецот со макеоднско потекло се разгледува како потенцијална замена за Квича Кварацкелија, кој е посакуван од голем број европски клубови, вклучувајќи ги Пари Сен Жермен, Манчестер јунајтед и Ливерпул.
Грузиецот е клучен играч за Наполи и клубот не сака да се раздели со него, но ако добијат добра понуда, ќе биде тешко да го задржат. Според италијански извори, Наполи сака најмалку 80 милиони евра за Кварацкелија. Затоа, „наполитанците“ веќе се подготвуваат за евентуална замена и имаат неколку играчи на списокот, меѓу кои се и Един Жегрова од Лил и Федерико Киеза од Ливерпул.
Дејан Кулушевски е новото име на оваа листа. Шведскиот фудбалер има искуство во Италија, играјќи за Парма и за Јувентус пред да прејде во Тотенхем во 2022 година. Од неговото доаѓање во Лондон, Кулушевски има одиграно 126 натпревари, постигнато 22 гола и забележано 27 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го освои „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
