Крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацкелија, ќе биде надвор од терените речиси еден месец поради повреда. Од клубот во Неапол соопштија дека грузискиот фудбалер денеска направил лекарски преглед, кој покажал повреда на лигаментите на неговото десно колено.
Фудбалерот веќе ја започнал програмата за рехабилитација.
Наполи сè уште не објавил точен датум за негово враќање, но според „Туто Наполи“, повредата ќе го повлече од игра до четири недели, што значи дека напаѓачот нема да игра до крајот на оваа календарска година.
Следните натпревари на Наполи во Серија А се против Удинезе и Џенова на гости и Венеција дома. Првиот натпревар во новата година е на 4 јануари против Фиорентина на стадионот „Артемио Франки“.
Кварацкелија оваа сезона има постигнато пет гола и три асистенции на 17 натпревари во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













