Јувентус ја загуби брзо трката за шампионската титула против Интер оваа сезона во Серија А, но затоа ќе се реорганизира сериозно во летниот преоден рок, со намера да тргне кон нови трофеи од следната сезона.
Масимилијано Алегри заминува од клупата, а треба да го замени Тијаго Мота, тренерот кој успеа со Болоња да обезбеди пласман во ЛШ.
Раководството на клубот ќе му го обезбеди и најдобриот голман оваа сезона во шампионатот, Микеле ди Грегорио. Тој е член на Монца и официјално е избран за најдобар чувар на мрежата во Серија А.
Јувентус, како што тврдат италијанските медиуми, за него треба да плати 18 милиони евра, а ќе има и дополнителни бонуси за 2 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













