Connect with us

На натпреварите во Англија ќе има пауза за фудбалерите да можат да имаат ифтар

На официјалните лица на натпреварите во сите англиски лиги им е наложено да им дозволат на играчите да им дозволат ифтар за време на вечерните натпревари за време на Рамазан, објави „Sky Sport News“.


Многу од најдобрите фудбалери во земјата, вклучувајќи ги и Мохамед Салах од Ливерпул, Ријад Махрез од Манчестер Сити и Нголо Канте од Челси, се очекува да постат овој месец и да се воздржуваат од храна и пијалоци во текот на денот во важниот период за муслиманите/

Како што е познато, ифтар се спроведува откако ќе зајде сонцето, а тоа ќе влијае на голем број играчи кои ќе учествуваат во вечерните натпревари во текот на следниот месец.

Службените лица на натпреварот сега добија инструкции од судиските тела да дозволат природен прекин на играта за играчите да можат да земат течности или енергетски гелови и додатоци во исхраната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови