Борусија Менхенгладбах објави дека фудбалерот Штефан Лајнер боледува од рак на лимфните жлезди. Во соопштението се вели дека австрискиот фудбалер сега го очекува повеќемесечна пауза, бидејќи ќе мора комплетно да се фокусира на третманите за лекување од сериозното заболување.
„Ќе направиме сѐ што е во наша моќ за Лајнер да го добие најдобриот можен третман. Му посакуваме на него и на семејството многу сила и оптимизам во борбата со оваа болест“, изјави спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах, Роланд Виркус.
Штефан Лајнер има над 100 настапи за тимот на Борусија Менхенгладбах. Тој е репрезентативец на Австрија од 2017 година и има одиграно 37 натпревари за националниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













