
Обвинителите побараа максимална казна од 12 години затвор за поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Дани Алвеш (40), обвинет за сексуален напад. Алвеш ќе се соочи со судење за наводен напад на жена во ноќен клуб во Барселона на 30 декември.
Истражниот судија во август му поднесе обвинение, а судот тогаш изјави дека има доволно докази за судењето кое се очекува следната година. Поранешниот дефанзивец на Барселона ги негираше обвинувањата и од јануари е во притвор.
Обвинителите, исто така, побараа Алвеш да и плати отштета од 150.000 евра на жртвата и да му се забрани каков било контакт со неа во следните десет години. Тие исто така сакаат Алвеш да остане под надзор една деценија по отслужувањето на затворската казна. Сите барања за кауција на Алвеш беа одбиени бидејќи судот сметаше дека постои ризик од негово бегство.
Алвеш има 42 трофеи во кариерата, вклучувајќи три пехари од Лигата на шампионите со Барселона и две титули Копа Америка со Бразил. Тој е еден од најдобрите десни бекови во историјата, а играше и за бразилската Баија, Севилја, Јувентус, ПСЖ, Сао Паоло и за мексиканскиот УНАМ Пумас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
