
Второлигашкиот фудбал и во билтенот на МВР. Против четворица фудбалери на Дрита се поднесени пријави поради физички напад кон играч и член на Гостивар.
„На 27.03.2021, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Дрита“ од с.Боговиње и ФК „Гостивар“ од Гостивар, на фудбалското игралиште во с.Боговиње, Г.Б., Н.М., Н.М. и Б.А., фудбалери на ФК „Дрита“, физички ги нападнале играчот од ФК „Гостивар“, Х.Л.(26) и членот на ФК „Гостивар“ Н.С.(40), додека С.М. како организатор, не постапил според здравствените прописи за време на епидемија согласно одлуката на Владата, односно дозволил публика на трибините на стадионот, иако од полициски службеници од Полициското одделение Камењане бил предупреден при пријавување на натпреварот“, стои во објавата на МВР.
ФФМ веќе ја „дисциплинираше“ Дрита за овој инцидент со парична казна, но не и со суспензија на теренот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
