
Четворица фудбалери на второлигашите Тетекс и Кадино завршија во полициска станица после првенствeниот натпревар поради физичка пресметка помеѓу играчите од двата тима, информира денес СВР Тетово.
„Полициски службеници ги лишиле од слобода Д.М.(20), Х.Д.(29) од Скопје, фудбалери на ФК „Тетекс“ и М.Р.(20) и В.И.(29), фудбалер и претставник на ФК „Кадино“ од истоименото скопско село, а поради нивна инволвираност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар помеѓу овие две второлигашки екипи. Покрај тоа, Д.М. со пластично шише удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија околу физичката пресметка, а Х.Д. попречувал полициски службеник при преземање службени дејствија. Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Дуелот заврши со нерешен резултат 1-1. Димитар Иванов го доведе Тетекс во водство во 76.минута, а израмни Христијан Коцев во 82.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
