Жозе Мурињо најверојатно ќе го продолжи престојот во Рим уште две дополнителни години. Португалскиот стручњак е во Рома од јули минатата година, со италијанскиот клуб ја освои Конференциската лига, со што римјаните се пласираа во Лига Европа.
„Волчицата“ летово се засили со Пауло Дибала, Аргентинецот стана нов миленик на Рим и резултатите на клубот почнаа да се подобруваат. Во последното коло го победи Интер, а во следното игра против Лече.
Добрата атмосфера во клубот би можела да биде крунисана со нов договор за Жозе Мурињо. Актуелниот договор на Португалецот истекува во 2024 година, тој заработува околу седум милиони евра годишно. Новиот договор би бил продолжен до 2026 година.
Навивачите веруваат дека Мурињо е тренерот кој може да го одведе тимот до „скудетото“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal